Во напад на џихадистите на северот од Буркина Фасо се убиени 35 цивили, од кои повеќето жени.

Во судирот со силите за безбедност се убиени и 80 напаѓачи, соопшти синоќа претседателот на земјата Рок Марк Кристијан Каборе.

-Херојската акција на нашите војници овозможи неутрализација на 80 терористи. Овој варварски напад резултураше со смрта на 35 цивили, од кои повеќето се жени, рече Каборе.

Во судирот во градот Арбинда, во непосредна близина на границата со Мали, погинале и седум припадници на силите за безбедност.

Нападите на џихадистите во ова подрачје се честа појава, јавуваат агенциите.