Од февруари 2020, Католичкиот Универзитет во Лувен (КУЛ) по првпат ќе воведе посебен курикулум за формирање муслимански свештеници, обуката трае шест години.

Ова беше една од препораките на парламентарната истражна комисија по терористичките напади што го погодија Брисел на 22 март 2016.

Универзитетот во Лувен соработувал со белгиската влада и Извршниот орган на исламскиот култ за креирање на катедрата.

Министерот за правда, Кун Генс, изјави дека се надева дека со оваа мерка ќе се намали влијанието на странските земји во оваа област.

Предавањата ќе се одвиваат на холандски и на арапски и ќе траат шест години: две години општо образование и потоа четири години теолошка обука во нова академија за исламски студии креирана во соработка со исламската заедница на Белгија.

За почеток КУЛ очекува околу триесет студенти да се запишат. Откако ќе дипломираат свештениците ќе бидат признаени од белгиската држава, што не беше случај до сега. Во тек се преговори со франкофонскиот универзитет УКЛ за слична обука во франкофонската заедница.