Повеќе од 120.000 граѓани на РС Македонија се Бугари, изјави претставникот на Бугарија во ЕУ, Димитар Цанчев за Бугарското национално радио.

– Проблемот меѓу Бугарија и С. Македонија е сосема јасен. РС Македонија потпишува договори, кои очигледно нема намера да ги исполнува, изјави Цанчев.

Тој, како што пренесе порталот Фактор, додава дека проблемот е сериозен.

– Дали позицијата на Бугарија е смешна или не, јас не можам да разберам што е смешно во нашата позиција. Дали тоа што Гоце Делчев, Даме Груев, браќата Миладиновци се Бугари кои на бугарски јазик пишувале народни песни или дека е Цар Самоил Бугарин или тоа што 2 милиони Бугари се наследници на македонските бугари, над 120.000 граѓани на РС Македонија се Бугари, додаде Цанчев.

Бугарскиот претставник во ЕУ тврди дека тие биле тормозени поради својата националност.

Oд ЕУ пак велат дека додека не го реши спорот со Бугарија, Македонија не може да ги почне преговорите.