Со предложената реформа го напуштаме стариот начин на учење „на памет“ и преминуваме на образование кое создава граѓани што размислуваат критички и логички и носат заклучоци врз основа на факти, докази и анализи, објави денеска министерката за образование, Мила Царовска.

– Ги вложуваме сите напори за да креираме модерни образовни политики фокусирани на грижата за индивидуалните потреби на учениците за да му овозможиме на секое дете да го развие својот потенцијал, објави Царовска на Фејсбук.

Инаку денеска е Меѓународен ден на образованието.