До неодамна, се веруваше дека најверојатно негов иден клуб ќе биде Јувентус. Новиот тренер на „нероазурите“, Антонио Конте нема намера да смета на Аргентинецот и клубот сака да се раздели со него и да го земе Ромелу Лукаку за оваа позиција.
Изборот на самиот играч до неодамна беше само Јуве, но тој почнал да ги менува своите ставови и веќе бил подготвен да ја прифати идејата да замине за Неапол.
„Бјанконерите“ сакаат да го привлечат, но го бараат најпогодниот можен договор. Преговорите помеѓу двата клуба се одложуваат и Наполи ќе се обиде да го искористи тоа.
Цената на Икарди постепено се намалува, а сега Интер е подготвен да се раздели со него за 60 милиони евра. Наполи е подготвен да ја исплати оваа сума како и да ги прифати личните финансиски барања на играчот.