Во Париз кај Триумфалната капија се одржува централната церемонија по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна на која присуствуваат шефови на држави и влади од сите пет континенти на светот.

Предводени од домаќинот, претседателот на Франција Емануел Макрон, претседателите и премиерите од 72 земји дојдоа од Елисејскиот дворец, во кој утрово се собраа, и со автобуси преку авенијата Елисејски полиња (Шанз-Елизе) пристигнаа доТриумфалната капија.

Макрон и неговите колеги потоа заедно прошетаа до Триумфалната капија, каде се одржува свеченоста.

Само американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на руската држава Владимир Путин, посебно пристигнаа на церемонијата.

Прво Трамп со сопругата Меланија пристигна на свеченоста, а на крајот и претседателот на Русија.

За време на проаѓањето на конвојот на Трамп по Шанз-Елизе една жена успеала да го пробие обезбедувањето и со голи гради истрчала пред автомобилот на американскиот претседател. Одговорност за инцидентот презеде феминистичката група Фемен. Париската полиција соопшти дека во врска со инцидентот се уапсени две лица.