Американскиот претседател Доналд Трамп ги помеша Балканот и Балтикот за време на разговорот со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Како што наведува „Ле Монд“, Трамп на приватната средба со Макрон изјавил дека лидерите на Балтикот се одговорни за војната во Југославија.

Претседателите на Литванија, Естонија и Летонија, слушајќи го разговорот, на момент се зачудиле зошто Трамп ги меша Балтикот и Балканот, пренесува „Гардијан’.

Белата куќа засега нема коментар за овие тврдења.