Раководствата на Монако и на Челзи постигнаа договор за трансфер на играчот од средниот ред на премиерлигашот Темуе Бакајоко.

Според француското радио „РМЦ“ Монако ќе го изнајми 24-годишниот фудбалер со право на откуп за 35 милиони евра.

Бакајоко играше за Монако од 2014 до 2017 година, а потоа се пресели во Челзи. Минатата сезона тој играше на позајмица за Милан.