На денешната владина седница, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев жестоко се спротивстваил на идејата од четврток попладне до понеделник наутро да се воведе полициски час, поради празникот „1 Мај“ кој се паѓа во петок и ќе се поврзе со викендот.

Според Чулев, оваа мерка е неумерена. Тој сметал дека се уште нема реален параметар колку таквата рестриктивна мерка ќе даде резултати.

По ова техничкиот премиер Оливер Спасовски ја одложил точката и за истата ќе се расправа во текот на неделава.