Вчера во 15:30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во селото Долно Соње на местото викано „Поле“, била опожарена гаража во која имало предмети, сопственост на С.М.(60) од Скопје.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид се врши во текот на денешниот ден.

Во СВР Скопје вчера во 20:30 часот било пријавено дека на улицата „Васил Чакаларов“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.А.(39) од Скопје, товарно возило „фиат добло“ со скопски таблици, управувано од З.Л.(44) од Скопје и патничко возило „Опел астра“ со скопски таблици, управувано од Г.А.(19) од Скопје.

По сообраќајната незгода, дошло до опожарување на двете возила „опел астра“ и од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита бил локализиран пожарот. Со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, како и сопатникот од едното возило „опел астра“ А.П.(20) од Скопје, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило „опел астра“ Ц.А.(63) од Скопје.

Лицата се пренесени во комплескот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на слуачјот.

Вчера во 13:20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Сараевска“ патничко возило удрило во пешакот Љ.И.(66) од Скопје. Возилото по незгодата го напуштило местото на настанот, а Љ.И. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера во 12 часот во полициската станица Кисела Вода, М.Л.(20) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11:30 часот на патеката покрај пругата на улицата „Михаил Чаков“ додека возела велосипед, била нападната од кучиња-скитници.

Девојката била искасана на раката.