Вчера, во 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на село Сопот, патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од Г.Б.(35) од Кочани, излетало од коловозот.

На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М.(36) од Кочани. Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Синоќа, во 22,20 часот во Полициската станица Аеродром Б.Г.(49) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20,00 часот на улицата “Владимир Комаров “неговиот 15 годишен син бил каснат од куче-скитник за ногата.

Синоќа во 20,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп–Битола кај село Вашарејца, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Мерцедес“, со битолски регистерски таблици, управувано од Д.С. (38) од Неготино, патничко моторно возило „ауди А6“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Џ.И.(34) од од село Канатларци, Прилепско и патничко моторно возило “Голф“ со ресенски регистерски таблици, управувано од  С.Т. (37) од Ресен.

Во сообраќајната незгода на местото на настанот починале возачот Џ.И. и сопатникот од истото возило А.И. (27) од село Канатларци, Прилепско. Со телесни повреди се здобил другиот сопатник од возилото “ауди А6“, Р.М.(30) од село Канатларци, Прилепско и возачот Д.С. Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера, во 10,00 часот во Тетово на улицата “120“, од страна на полициски службеници од СВР-Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено крвично дело „посредување при вршење проституција“ приведена била Ј.Н. (47) од Република Бугарија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера, во 13,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје К. Л. (30) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08,10 часот избувнал пожар во неговата куќа. Според негово кажување, пожарот настанал најверојатно од грејно тело, при што била изгорена  цела  покуќнина.

Во 09,30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. На местото на настанот извршена е крим-техничка обработка и се работи на целосно расчистување на настанот.

Вчера, во 16,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка (на излез од Куманово) патничко моторно возило „тојота јарис“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.С.(45) од Скопје, удрило во пешакот Д.В. (73) од Куманово.

На местото на настанот починал пешакот. Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера, во 08,50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово пред наплатната рампа Тетово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од В.Р. (35) од Тетово и патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.С. (34) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Р., кој со друго возило бил пренесен во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера, во 13,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Новопроектирана“ избувнал пожар во хангар сопственост на фирма, во кој биле сместени магацинот на фирмата, продажниот салон и производствениот погон.

Пожарот бил целосно изгаснат во 15,00 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Според првичните сознанија, пожарот најверојатно започнал од оџакот. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.