На граничниот премин Табановце синоќа во 21,50 часот при извршена проверка било констатирано дека Џ.М.(24) од Скопје евидира на СТОП-Листа за издржување казна затвор за сторено кривично дело по чл.236 став 1, в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и истиот да се спроведе до КПУ-Затвор-Идризово. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

На истиот граничен премин вчера во 13,30 часот од страна на полициски службеници бил приведен И.Г.(52) од Р.Албанија поради основано сомнение дека патната исправа била намерно оштетена (избришан штембил на една од страниците). Лицето било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

МВР денеска соопшти дека вчера во 18,10 часот на Граничниот премин Табановце при контрола на лицето Л.О.(43) од Р.Турција било утврдено дека доставените документи биле фалсификувани. При преглед над лицето пронајдена била турска возачка дозвола на име H.А.(42) од која бил утврден и вистинскиот идентитет на лицето. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

На 08.03.2019 година во 16,30 часот било пријавено дека на крстосницата од локалниот пат од с. Просениково за с.Гечерлија-струмичко Н.М.(20) од с.Сарај-струмичко управувајќи моторцикл „фости ФТ-150“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Н.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 08.03.2019 година во 12 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата „Сотка Ѓоргиоски“ патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Г.И.(44) од Прилеп, удрило во пешакот Ј.П.(82) од Прилеп. Ј.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 08.03.2019 година во 08 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Битола на крстосницата од улицата „Прилепска“ и улицата „Батаљон Стив Наумов“ непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешак В.Б.(50) од Битола, по што го напуштил местото на настанот. В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

На 08.03.2019 година околу 17,40 часот било пријавено дека во скопското село Љуботен настанал пожар во штала сопственост на Џ.А.Р.(59), при што изгорела кровната конструкција, а опожарено било и поголемо количество на тутун и сено. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

На 08.03.2019 година во 16,45 часот во Полициската станица Крушево, од Територијалната противпожарна единица-Крушево било пријавено дека во атарот на село Селце, настанал пожар на нискостеблеста дабова шума и сува трева. Од екипа на Територијалната противпожарна единица-Крушево и вработени во ЈП-Липа преземени се мерки за локализирање на пожарот.