Вчера во 18:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.З.(18) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 15:30 часот во населба Даме Груев била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Вчера во 18:35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.М.(57) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15 часот на улица „Моцартова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Вчера во 19:06 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.В.(46) од Куманово, вработен како пожарникар во Територијалната противпожарна единица Куманово, при интервенција – гаснење пожар на запален оџак, паднал од покрив на куќа сопственост на Ф.Ј.(40) од Куманово на ул.„Младен Стојановиќ“ и се здобил со тешки телесни повреди. С.В. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош, а потоа бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и инспектор од Државен инспекторат за труд.

Вчера во 12 часот во СВР Тетово, А.Б.(25) од Тетово пријавил дека во сендвичара на улица „Јане Сандански“ физички бил нападнат од лицата А.А. и С.Н. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 10 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.Ц.(54) од село Мирковци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 8 часот, додека извршувал работни задачи во кругот на поранешен Скопски саем, физички бил нападнат од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утринава триесетина минути по полноќ во Полициската станица Гостивар, Б.Д.(61) од село Балиндол, гостиварско, пријавил дека на вчера околу 22:30 часот во угостителски објект во Гостивар на улица „Панче Попоски“ физички бил нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утринава во 3 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Р.(47) од Скопје, пријавил дека на бул. „Јане Сандански“ физички бил нападнат од Б.Б.(19) и Т.А.(19), двајцата од Скопје. Исто така, во Полициската станица Аеродром, во 4 часот било пријавено дека во казино на бул. „Јане Сандански“ Р.Р. физички ги нападнал Б.Б. и Т.А. Со трите лица бил извршен разговор и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци..

Утринава во 1:15 часот во СВР Штип, Т.А.(34) од Штип пријавил дека пред бурекџилница на ул. „Борис Крајгер“ во Штип тој и неговиот другар С.Т. биле физички нападнати од три лица, а еден од нив со остар предмет го удрил Т.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноческа околу полноќ во Полициската станица Кисела Вода, Н.Н.(55) од Скопје пријавил дека на вчера околу 23 часот пред угостителски објект на улица „Христо Татарчев“ бил физички нападнат од А.К. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 10 часот во Полициската станица Центар, В.К.(55) од Скопје, такси возач, пријавил дека истиот ден во 9:30 часот, додекабил на работното место, физички бил нападнат од лицето Р.Т.(43) од Скопје. Според пријавата, на улица „Народен Фронт“ во неговото возило се качил Р.Т во алкохолизирана состојба и рекол дека нема да плати и го удрил таксиметарот. Откако В.К. му кажал да излезе, Р.Т. физички го нападнал. По документирање на случајот против Р.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утринава во 2:45 часот во Полициската станица Центар, Ј.Р.(35) од Скопје пријавила дека во возило „Фиат пунто“ на паркинг простор на улица „Димитрие Чуповски“ била физички нападнат од лицето Б.Д.(36) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 23:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Лазар Личеновски“ починал Т.Т.(51) од Скопје. Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот била извршена обдукција и констатирано дека причина за смртта е срцев удар.

Вчера околу 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на улица „Коста Новаковиќ“ две непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со пиштол од вработената ги одзеле парите од дневниот промет и побенале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителит и за целосно расчистување на случајот.

Ноќеска на полноќ во Полициската станица Аеродром, Д.Ѓ.(19) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје физички бил нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 23:50 часот во полициска станица К.Е.(35) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 22:30 часот на булевар „Партизански Одреди“ лицата С.С. и Б.Р. ја малтретирале нејзината малолетна ќерка и нејзината другарка, со кои претходно биле во љубовни врски. Според пријавата, Б.Р. и С.Р. насилно ги внеле поранешните девојки во нивното возило, а со нив влегла уште една другарка. С.С. и Б.Р. барале од девојките да се смират односно да ги продолжат врските. Откако виделе дека нема да успеат во намерата да се смират, ги оставле девојките на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утринава околу 1 часот во СВР Велес, Б.Ј.(27) од Велес пријавил дека пред угостителски објект во Велес физички бил нападнат од лицето И.Т.(22) од Велес. И.Т. бил приведен, а по целосно докумнетирање против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со сообраќајната полиција и Државниот инспекторат за транспорт на ден 22 февруари 2019 година во периодот од 15 до 18 часот на дел од наплатните станици во Република Северна Македонија изврши контрола на возачи кои злоупотребуваат службени легитимации и т.н. флешери со цел одбегнување плаќање на надоместок за патарина. Од извршената контрола констатирано е дека 31 возачи постапиле спротивно на Законот, од кои деветмина возачи се вработени во МВР, 22 возачи на возила се граѓански лица кои одбегнале плаќање на патарина, за што од страна на Државниот инпекторат за транспорт им се изречени глоби во висина од 200 евра. Против полициските службеници кои ги злоупотребиле службените легитимации ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.