Синоќа околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-село Радиовце, Н.И.(52) од село Милетино, управувајки патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Од здобиените повреди Н.И. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местотo извршил Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Вчера, во 18.00 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(28) од село Порој удрило во пешакот А.И.(30) од село Мала Речица. Од ударот А.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.

Ноќеска во 00.35 часот на крстосница на улица „7-ми Ноември“ и булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.М.(41) од Охрид удрило во велосипед управуван од А.Х.(48) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил А.Х. и тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.