Месечно по 400 починати од коронавирус во Македонија во наредниот период, предвидува американскиот институт IHME.

Според прогнозите на страната Institute for health metrics and evaluation за Македонија, до 1 ноември бројот на смртни случаи од Ковид-19 во нашата земја ќе изнесува 1.629. Во октомври на дневна основа се прогнозираат во просек над 20 смртни случаи. Ваквите податоци се добиени по анализа на досегашните случувања со коронавирусот во земјава и дневниот биланс на заболени и починати лица.

Од почеток на епидемијата со коронавирусот во Македонија се починати вкупно 422 лица. Бројот на заболени се приближува кон 10.000. Министерот за здравство Венко Филипче предвидуваше дека во Македонија бројот на заразени нема да биде поголем од 2.000 до 2.5000.

Македонија и натаму е водечка во региoнот според бројот на новозаразени и починати од коронавирусот. Како што објавивмне вчера, на црната топ листа со заразени и смртност на милион жители од Ковид-19, Македонија е на челната позиција.

Страницата на која се објавени прогнозите на американскиот институт може да ја отворите на овој ЛИНК.