Целосен карантин не доаѓа предвид, но ноќен полициски час мора да се воведе, поради неоговорноста на младите, вели во интервју за ТВ 24 епидемиологот д-р Драган Даниловски.

– Карантин по примерот на Дебар јас не би воведувал. Граѓаните се веќе уморни од такви мерки. Има полесен начин. Но, мене нешто друго ме загрижува, а тоа се сликите и видеата кои се споделуваат изминатите два дена од некој клуб во Струмица. Па, ви се молам, можно ли е да сме ние толку неодговорни. Тоа не смее да се случува, тоа е едноставно недозволиво во услови на пандемија, вели тој.

Кластерот „избори“ почнува да ги дава првите бројки на заразени со коронавирус. Предизборните собири и постизборните прослави ќе ни се удрат од главата, додаде Даниловски.
Според него, единствено носењето на маска од страна на сите може да помогне во стопирање на кризата со коронавирус.

Даниловски смета дека градинките може да се отворат, но само и доколку граѓаните строго се придржуваат до меркита за заштита. Тој ги повика и градоначалниците преку своите општини воведат редари кои ќе се грижат за контрола врз придржување на мерките.