Поранешната министерка Ганка Цветанова вели дека жали поради тоа што Македонија нема да добие датум за преговори и порачува министерот за надворешни работи Никола Димитров да не оди во Брисел оти ќе прави само дополнителен трошок за државата.

– Кажете му на Никола Димитров дека нема потреба да оди. Нека не прави дополнителен трошок на буџетот. И не се радувам дека нема датум за преговори. Само жалам што животот ни помина чекајќи го датумот. Тој датум за кој што Никола Димитров и Зоран Заев ја распродадоа државата, твитна денеска Цветанова.