Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова реагира на Твитер за срамот што ни го нанесува Зоран Заев како наорд и држава и прашува со каков образ тој ќе говори на Илинден во Крушево.

– После изјавата дека Македонија крадела туѓа историја, го прашувам Зоран Заев со кој образ ќе се појави на Мечкин Камен на 2 Август, на најголемиот македонски празник Илинден, што ќе му порача на македонскиот народ и за која историја ќе говори? За таа што ја продадоа?!- прашува Цветанова.