Знаете, она кога пушењето е штетно по здравјето. Така е во животот, а во политиката е уште полошо. Кога немаш исав и му го „зимаш“ без мерка на комшијата, притоа паралелно обидувајќи се да спинуваш и да се правиш праведник и манга во сопствената ти фамилија. А работата „т’нка“ и од авион се гледа дека јако си му го „земал“ на соседот ти, ама до балчак. Тука, секој обид за спин е бадијала, ама скроз. На крајот на краиштата, во воздухот загаден останува да виси вистината дека пушачот, си останува пушач. И сега. И во иднина…
Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ
Стево не му се поклонил на Гоце Делчев затоа што така не предвидувал протоколот?! Аууу, како само ви текна оваа финта. Бедотија, нискотија, кршотија и блам. Абе ајде, тука ни литро, ни тон нафта не помага. А прашањето кое неминовно ви се наметнува е – од кога тоа Стеки почна да користи муртински финти? Или подобро кажано, на ова ли ниво спадна СДССССС-овскиот спин? Оти брат брата комуњарскога не рани, ама тешко му кој извртувањето биљмеско го нема.
Добро, очајни си биле и ќе си останат. Факт. Тоа е и единственото нешто што е неспорно и што ќе остане такво, но аман бе дечки, пи-аров ви е катастрофа. Мислам, ало, за што го сметате народов македонски?
Ах, да, ми текна. За стока…
Или така барем говореше истиот тој заколнат непоклонувач пред помалку од четири години. Фер, оти состојбата на умот, очебијно, така лесно не се менува. Па си погледнал во трлото во кое му живее народот и му текнало. Оти овци си се овци, нели, што им а да се мачат со јавното мислење и да се пазат пред стоката…
Е сега, истите тие спинери соочени со фактот, испланиран од претходно, што нивниот прецедник не се поклони пред великанот, а црногорскиот му колега го стори истото, ќе не убедуваат дека тоа не било по протокол? Тоа не било правило, јок. Не е бре, никако.
Абе, ви текнува, кај се видело во држава да дојде странец и да се поклонува пред твој основоположник на државата, пред твоја национална икона, а ти тоа да го правиш со него? Прави се североидните чеда, такво нешто стварно нема логика, абе тоа е надвор од умот, глупости, нели. Абе, лудило…
Не дека се гребевте кај Бугарите со непоклонувањето пред за нив спорниот Гоце, никако, нееее! Вие сте си прави, протокол „поштуете“ бре, такви праведници и почитувачи на законот и правдата, мајка не родила, нели. Прашајте ги Добрила и Вилма, ако се сомневате.
Арно ама, една работа опасно и грдо штрчи во лошо склопената прикаска од Роко&Рада и остала банда компани. Некој на екс Бихаќка утна една работа. Очебијно, некој, а не ќе да е народот, има меморија на златна рипка. Три секунди и оп, чао… Заборавивме. Или, сепак, заборавивте?
Кх, кх, кх… А кој мој Зоки Муртичи му се клањаше до кршење кичма (ако ја имаше де) на Цар Самоил во Софија, рамо до рамо со Бојкота? По кој протокол муртинскиот барон Заевхаузен со својот колега положуваше цвеќе и се кљафтеше ко дете на цреша во бугарската престолнина, притоа со чинот „ничим изазваним“ самоиницијативно признавајќи го за Бугарин?
Па нели бре домашни функционери не се поклонуваат со своите гости званичници пред „свои“ историски личности? Бојко, јанлаш ли е, згреши ли човекот или бугарскиот протокол е поинаков од североидниот на западниот им сосед? Гарант…
Ало, несреќи едни, само насила декларирани како Македонци, скакате ко мали деца кога треба и каде треба, а за сопствените национални интереси никаде ве нема. Па на протоколи ќе се вадите, па Европјани сте биле, па историјата ве кочела, па иднината ве водела, итн. итн. итн.
За наша жал, вакви корисни идиоти да посакаш, со боринче да ги бараш, не наоѓаш никаде. Во ниту една нормална земја. Мада, за жал, ние не сме во таа група веќе неколку лета Господови.
И така, Стевовци ќе се вадат дека, пази сега – воскреснувале еден обичај за странците да се поклонуваат пред гробот на Гоце? А оние „претходните“ тоа да ти го укинале?!
Аууууу, бравос, свака част, патриотишта североглави, не разнежнивте и до солзи доведовте со актот промакедонски.
И така, со една реченица во соопштение пак се трансформираа, помакедончија и се’ им се прости. И промена на име на државата, Уставот, промена на историјата која е во тек, двојазичноста, абе се’ ви е простено и во иднина. Сега, без проблем, во истиот миг народов ви простува за сиот срам и болка кои му ги нанесовте.
Аферим, ги натераа странците да се поклонат пред грбот на великанот, пак бравос! Јако!
Се’ е „у реду“,топ сте си, само една работа утнавте…
Алоооо, вие треба да се поклоните пред гробот на Гоце, не странците бре суруши едни! Не странците, не петоразредни ви преставници, туку вие биљмези, вие, комуњарската врхушка!
А во меѓувреме, не глумете лудило со испраќање на „замени“ за поклон пред македонската национална икона со фацки како министерката Зорица, која да не беше ТВ Алфа и непознавањето што таа го искажа во интервју, никој немаше ни да ја познава. Не па дека сега некој и ја знае. Од цела влада и фаци комуњарски извикани во неа, најдовте со неа спотери да правите? Она, ко што ви текна на погребот на Жак Ширак да го испратите Едмонд Адеми?! Јап, Адеми рамо до рамо со Путин, Клинтон, Орбан и Макрон, кој, меѓу другото, сега ја држи палката за датум со ЕУ? У ствари, да, ако не беше таму, министерот без ресор немаше да има селфи со Бил Клинтон во својата колекција. Фер…
И така, продолжувајте да си живеете во својот посебен, имагинарен и трагикомичен комуњарски свет и не застанувајте со навредувањето на интелигенцијата на сопствениот народ. За ваша жал, тој навистина е „немиен“, ама мозочно немиен. Башка што и оние малкуте мозочно испрани чеда, оксиморонски атеисти кои се крстеа во вас, мислам дека и тие полека сфаќаат дека ги извеславте и дека не ве бива. И тие сконтаа дека сте блефери. Јап, царот муртински е гол, а владата погола и побоса здравје, скроз…
Само, не заборавајте ја онаа старата која вели дека ВЛАСТА е како крчма и ретко кој од неа излегува трезен. Башка е и свињарник, па ретко кој останува невалкан…
И не потценувајте го народов златен и непокорен. Не возете се на филмот дека се’ минува и дека некој вечно ќе молчи и тлее. Оти старите велат и дека оној кој на првата навреда молчи, на втората крши… А тоа, боли, многу боли. На избори…