Инаку, колку за инфо, долгот на дотичната сметка изнесува околу 10.000 ЕВРА!, објавува новинарот Љупчо Цветановски кој денеска имаше интервју со Драган Ковачки.

Во интервјуто Ковачки тврдеше дека до него стигнала сметка за струја од хациендата на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во Радишани. Сметката, според Ковачки е на име на нејзиниот татко, а Ковачки ова го објави во прилог на тврдењето дека Петровска крие дека има хациенда во Радишани.

Е, сега, вистинското прашање гласи: Како тоа ЕВН не исклучило струја за сметки кои стигнале до 10 илјади евра, а кај нормалните смртници исклучува за ДВЕ НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА? Чудесна Македонија…, пишува Цветановски.