Д-р Боби ТРАЈКОВСКИ

Почитуван колега и министер Венко. Четири дена чекавме резултати за лежечки пациент на интерно одделение, за сега во овие касни сати да разберам дека е позитивен за КОВИД-19?
Нема да се помирам и да ја прифатам оваа лакрдија.
Слободно казнувајте ме колку сакате, но неспособните да ги смените веднаш.
Таков гнев и револт чувствувам што не се опишува.
Не ме исполнуваат аплаузи и немам потреба да си го хранам егото, барав да се водиме според правилата и да се заштитиме во секој поглед. Цел месец укажував дека не сме на ниво и еве дојде до тоа од коешто се плашев.
Потфрливме и за ова барам да се одговара.