Д-Р ДАНИЛОВСКИ: Неочекувано поволна состојба, но маски на затворено мора да се носат!

/ 28.06.2021

Ситуацијата во моментот е навистина неочекувано извонредно поволна, тој епитет го употребувам бидејќи има најниско, односно најповолно ниво во однос на епидемиолошките ризици, изјави проф. д-р Драган Даниловски на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“.

– Има уште еден периметар, а тоа процентот на позитивни случаи од сите земени тестови. Ако се под три отсто во текот на две недели, се прогласува т.н. зелена зона во однос на епидемиолошките ризици. Кај нас повеќе од две недели тој процент, таа стапка на позитивни тестови, се движи под 1 отсто. Последниве денови е дури 0,4 отсто. Тоа е нешто што јас би го сместил во доменот на статистичка грешка. Со други зборови, ние практично вирус немаме, вели д-р Даниловски.

Според него, единствена мерка за заштита којашто треба да остане на сила е носењето маски во затворен простор.

На оваа поволна епидемиолошка ситуација, мерките за заштита треба да се дизајнираат соодветно. Со други зборови, мерки за заштита на јавно здравје нема потреба да има. Рестрикции нема потреба да постојат. Освен, ако останува здрав разум, секој од нас треба да носи маска во затворен простор, вели д-р Даниловски.


Од истата категорија