Д-Р ДАНИЛОВСКИ: Ова со мајмунските сипаници е една лоша драма

/ 26.05.2022

Мајмунските сипаници почнаа да се шират во Европа, а најпогодени се Португалија и Шпанија, каде што беа регистрирани нови случаи.

Страв од ширење на новата болест постои во регионот и Европа, а епидемиологот д-р Драган Даниловски за „Студио 10“ ја смирува ситуацијата.

– Целата работа со мајмунските сипаници ми личи како на една лоша драма. Мислам дека премногу силно се изреагира од светските здравствени агенции, нашите медиуми. Јавноста ја крена топката многу високо и сега сите се во вчудоневидување. Дали е мутиран вирус, ќе му направат мутација и ќе стане опасен, тоа се дел од коментарите, но јас мислам дека нема простор за страв, вели д-р Даниловски.


Од истата категорија