Самохран родител во Македонски Брод со месечни примања од 7.000 денари се грижи за семејството со 8 малолетни деца, објави македонски Курир.
Родителот вели дека нема никакви други приходи од државата, освен нецели 120 евра кои ги добива од локалното училиште како домар.
Во отсуство на системска грижа за него и осумте дечиња, хуманитарна помош му доставиле млади членови на опозицијата.
-Успешно ја реализиравме хуманитарната акција на која повикавме пред недела дена.
УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Македонски Брод, организираше и спроведе хуманитарна акција во село Црешнево, општина Македонски Брод, каде го посети 9-членото семејство Цветаноски и донираше прехрамбени продукти, средства за хигиена, облека и мал дел од училишен прибор. Ова семејство живее во скоро распадната куќа, без нормални услови за живот. УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Македонски Брод ќе продолжи и понатаму со вакви активности, планирано и организирано, со што ќе даде свој придонес во хуманитарни цели, а со тоа ќе даде импулс и иницијатива за локалните и државните институции да се приклучат повеќе кон ваквите активности, објави унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Во видеото таткото го дава мобилниот телефон (071 244-397) на кој тие што сакаат можат да го контактираат за давање помош.