Законот за бранителите повторно ги скара народните избраници во законодавниот дом откако на Комисијата за Социјална политика која денеска ја свика претседателката Илире Даути – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно бараа од неа да ја стави на дневен ред оваа точката но Даути посочи дека временскиот рок е поминат.
Расправата во комисијата продолжи со обвинувања од страна на двете најголеми партии кон претседателката Даути дека како што велат своеоволно го толкува Деловникот по што беше побарана пауза додека се смират страстите
Во меѓувреме се очекува наскоро да биде свикана и седницата за деловнички и мандатно имунитетни прашања откако претседателот на ова тело кратко само за ТВ 24 рекла дека веднаш штом официјално ќе го добие известувањето од собранискиот спикер Гаши ќе ја закаже седницата на комисијата на која ќе и претходи и координација со претставници на пратеничките групи.
Свикување на оваа комисија бараше и опозициската СДСМ но на последниот брифинг со новинарите собранискиот спикер Гаши рече дека ќе го задолжи претседателот Миле Лафковс да ја свика но не конкретизираше дали тоа ќе биде за точката која ја бара СДСМ, бидејќи рече дека на комисијата ќе се разгледувале деловничките недоречености.