Американскиот природонаучен музеј Њујорк ќе ја отстрани од пред влезот статуата на Теодор Рузвелт, по забелешките што беа дадени низ годините заради симболизирање   колонијализам и расната дискриминација, објави градоначалникот Бил де Блазио.

Бронзената статуа која се наоѓа на западниот влез во Музејот во Централ Парк од 1940 година го прикажува Рузвелт на коњ, а до него стојат американски староселедец и Африканец. Рузвелт е 26 американски претседател.

– Музејот бараше отстранување на статуата, бидејќи таа експлицитно го покажува обоеното и домородното население како потчинето и расно инфериорно, објасни Де Блазио.

Тој додаде дека Њујорк го поддржува барањето на музејот и декае „правилна одлуката и вистинско време да се отстрани проблематичната статуа“.