Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи лишија од слобода дебранец поради физички напад врз неговата партнерка.
-Вчера во 19:25 часот полициските службеници го лишија од слобода М.И. од Дебар, постапувајќи по претходна пријава на неговата 23-годишна вонбрачна партнерка од Дебар дека на 15.05.2026 физички ја нападнал во семејниот дом, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Ова е втор случај на физички напад врз сопруга или партнерка, по оној кога Б.Г.(45) од Дебар, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга, на која и упатувал и закани.
Нападната сопруга побарала и лекарска услуга во Општата болница со проширена дејност.




