Русија придвижи тешко оружје, вклучително и ракетен систем кон границата со Финска, неколку часа откако Русија го предупреди својот сосед да не се приклучува на НАТО, објавува Дејли Мејл.

Видео со непотврдена автентичност објавено минатата ноќ покажува како два руски крајбрежни ракетни системи за одбрана се движат по патот на руската страна на границата што води кон Хелсинки.

Подвижниот крајбрежен одбранбен ракетен систем К-300П Бастион е дизајниран за напад на воени бродови, вклучувајќи ги и борбените групи на носачите, конвоите и слетувачките летала.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно предупреди дека приклучувањето на Финска во НАТО нема да ја подобри безбедносната ситуација во Европа.

НАТО вчера објави дека две поморски групи со вкупно 16 бродови од повеќе држави, предводени од Кралската морнарица на Холандија ќе патролираат на крајбрежјето на Балтичкото Море, околу Полска и Естонија, за да ја одржат способноста на одбранбените капацитети.

Руското распоредување доаѓа во време кога финската премиерка Сана Марин изјави дека очекува нејзината Влада да ја прекине дискусијата пред средината на летото за тоа дали да аплицира за членство во НАТО.

Неодамнешните анкети покажуваат дека 84 отсто од Финците ја сметаат Русија за значителна воена закана, што е зголемување за 25 отсто во однос на минатата година.

М.П.