Со три натпревари против Летонија, два сингл и еден во двојки, тениската репрезентација на Македонија, денеска го продолжува настапот на Дејвис купот што се одржува во Атина.

Во текот на вчерашниот, прв натпреварувачки ден, нашите тенисери загубија 3-0 од Естонија, носителот на групата и највисоко рангираната репрезентација во групата Б во која беше извлечена Македонија, јави МИА од Атина.

Тениската репрезентација, утре ќе ги измери силите со Црна гора.

Натпреварите од третата европска група во Дејвис купот се одржуваат од 11 до 14 септември во Атина, а учествуваат осум репрезентации поделени во две групи.

Во сабота, репрезентациите што ќе бидат први во двете групи ќе играат за првото место на турнирот, додека пак вторите ќе се борат за третото место. Сите четири, во март следната година ќе играат во плеј офот за влез во Втората лига.

Останатите четири репрезентации, односно оние кои ќе завршат на третата и четвртата позиција, исто така во сабота, ќе играат меѓу себе за опстанок во Третата лига. Двете поразени екипи ќе бидат префрлени во четвртата категорија на Дејвис купот.