Првото бебе во Кочани, која е голема општина, е девојче и оваа година го доби пред Стара нова година, односно 12 дена по новогодишната ноќ.

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов оваа вест, која кочанчани ја чекаа 12 дена, ја објави на Фејсбук .

-Синоќа, на Акушерското одделение во Општа болница – Кочани се роди првото бебе во 2023 година. Дваесет и осумгодишната Ангела Крстова од Кочани роди здраво женско дете, второ во семејството Крстови.
Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,2 килограми, долго 51 сантиметар, и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро, информираат од општината.

Папазов ги посетил мајката и новороденчето им врачил традиционални подароци.

Оваа е добра вест за семејството на родителите на девојчето, но не е добар показател за наталитетот и демографијата во Македонија, бидејќи општината Кочани е една од поголемите во Македонија.