Грција нема да остане отсутна од меѓународните форуми, ќе бидеме присутни со јасна, европска, демократска политика што ќе ги штити нашите интереси, но ќе ги промовира нашите вредности и принципи, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас од Њујорк по завршувањето на активностите и учеството на грчката делегација предводена од премиерот на земјата Никос Дендиас, на 74-то Генерално собрание на ОН, jави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас вели дека минатата седмица била особено важна за грчката надворешна политика, додава дека Грција помина длабока криза што „принудно ја доведе до интровертност “ и загуби околу 25 отсто од БДП, „речиси како да постоеше војна“.

– Но, потенцираме и кажуваме секаде, Грција се враќа, преку нашите постојани и континуирани контакти, но и со нашата подготвеност да ја одиграме улогата што ни припаѓа. Како земја на ЕУ, земја во Источниот Медитеран, демократска земја, земја која има многу работи да каже на Балканот и во поширокиот регион. Земја која одлучи одново да ја одигра својата улога, без разлика дали прашањата се однесуваат на Либија или Сирија или за прашањата што се однесуваат на поширокиот регион на Северна Африка, па дури и за европското ширење и прашањата поврзани со Црното Море, сите прашања во нашиот регион, вели шефот на грчката дипломатија.