Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас ја остварија нивната прва средба на маргините на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската Унија и на земјите- кандидати за членство (GYMNICH) во Хелсинки, jави дописничката на МИА од Атина.
Дендиас, во изјавата по разговорите со неговите колеги од ЕУ, за средбата со Димитров рече дека била околу Договорот од Преспа.
-Со господинот Димитров ја имавме нашата прва средба на која разговаравме за аспектите на имплементацијата на Договорот од Преспа. Јасно му ставив на знаење на господинот Димитров дека Грција ќе инсистира на строго спроведување на договорот, рече Дендиас.