Денеска е 26 јуни (по стар стил) и се слави Преподобен Давид Солунски.

Родум солучанец. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија.

Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога.

Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето.

Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.