23 март 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 март.

Денеска е Св. маченик Кодрат Коринтски.

Кога во 249 година по Христа на римскиот престол дојде царот Декиј Трајан, за христијаните започна еден од најлутите прогони. Многумина беа затворени. Во тоа време во градот Никомидија живееше некој си Кодрат. Тој ги потплаќаше стражарите и ги посетуваше христијаните во затворот, носејќи им се што им е потребно. Кога дојде време, затворениците ги изведоа на суд и започна вообичаената судска процедура за христијаните. Кодрат, кој се наоѓаше отстрана, самиот го исповеди Христос како Бог, па за неговата вера беше осуден и погубен заедно со своите браќа.