Според Јован Деспотовски, едно од имињата кои се споменуваат како следен лидер на СДСМ, одлуката за повлекување од претседателската функција во партијата на Димитар Ковачевски е правилна, но задоцнета.
– Како член на СДСМ вчера добив информација дека партискиот претседател има поднесено оставка, што е задоцнет чекор, но чекор во вистинска насока. Мораше да се случи многу порано. Очеквам овој чекор да го следат и сите останати членови на партијата за да можеме веднаш да преминене во делот на отворена дискусија кои се причините за овој резултат, катастрофален дебакл. Факт е дека бројот на гласови е на историски минимум за жал. Мора да гледаме како понатаму, вели за „Студио 10“ Деспотовски, Директор на ТИРЗ.