Џенифер Лоренс ќе глуми во новиот филм на Паоло Сорентино – „Девојка на мафијата“ (Mob Girl), заснован на вистинска приказна.

Оригиналната приказна е на новинарката Тереза Карпентер, која 1992 година за неа доби и Пулицерова награда. Се работи за девојка што работела за њујоршката мафија, а потоа станала полициски доушник.

Лоренс ќе глуми и ќе го продуцира филмот што сè уште е во фаза на претпродукција.

Паоло Сорентино ќе биде режисер.