Излезноста до 11 часот според податоците на Државната изборна комисија изнесува 8,03 проценти од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска на втората прес конференција истакна дека овие податоци се добиени до 92,06 проценти од избирачките места.

Таа посочи дека референдумското гласање тече мирно и без неправилности.