Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница му го врачи уверението на Стево Пендаровски за претседател на Македонија.

Претходно, ДИК ги објави конечните резултати од претседателските избори согласно кои Пендаровски беше избран за шеф на државата.

Утре Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница во Собранието, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат.