Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе престојува во Скопје на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, потврди неговиот кабинет.

Веднаш по победата на Пендаровски на претседателските избори, српскиот претседател Александар Вучиќ му упати честитка по повод изборот за претседател.

-Ви го честитам изборот за претседател, со желби за успех на одговорната должност, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка. Очекувам особено да ја потикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а во корист на граѓаните на нашите две земји, пишува во честитката на Вучиќ до Пендаровски.

Освен Вуќиќ на инаугурацијата ќе бидат и претседателот на Косово, Хашим Тачи, на Албанија, Илир Мета и на Бугарија, Румен Радев.