Гласањето во Брвеница денеска започна во 7 часот наутро и се одвива непречено, без пријавени проблеми или потешкотии при остварувањето на избирачкото право, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Според досегашните информации пристигнати до ДИК, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85 лица.

Од вкупно девет лица кои се запишани во Избирачкиот список, а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале седум.

Од ДИК информираат дека гласањето на овие лица се спроведува во три казнено поправни установи на територија на државава, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.