Уште двајца кумановци ја изгубиле битката со коронавирусот, соопшти вечерва градоначаникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето на Топ Тема на Телма.

-Пред самото вклучување во емисија добив информација од Центарот за јавно здравје дека имаме уште двајца починати наши сограѓани во Куманово, рече Димитриевски и изрази сочувство.

Истото го потврдил во телефонски разговор и за ТВ 24. Едниот од починатите е полицаец.

Сепак, ќе треба да се почека утрешниот ден за официјална потврда на информацијата и причината за смртта за овие две лица.

Димитриевски вечерва истакна и дека има чувство дека Куманово и кумановци се оставени сами на себе.