Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, очекува и Франција да и даде поддршка на земјава за датум за почеток на преговори со Европската унија.
– Јас искрено не можам да верувам дека еден од големите лидери на Европа би направил таква стратешка грешка. Не може да не се охрабри добриот тренд, а да се успее со европеизацијата на Балканот. Мислам дека ќе имаме поддршка и од Франција, изјави Димитров за МТВ.
Министерот за надворешни работи смета дека потоа ќе треба да се работи многу на внатрешен план.
-На некој начин битката се сели од надвор кон дома. Не чека многу работа со засукани ракави, па би рекол дури и нов начин на водење политика вели Димитров.