Прекрасен јазик е италијанскиот, објави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.
– Ministro Moavero, Grazie molto per la vostra gentile ospitalita! Прекрасен јазик италијанскиот. Јас нешто разбирам, а главно го „зборувам“ со раце!- напиша Димитров на Фејсбук, видно расположен според фотографијата.
Откако со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, деновиве, го „реши проблемот“ со македонската историја и со Гоце Делчев, сега е време токму само за расположение и за насмевки.