Вицепремиерот Никола Димитров денеска сподели спомен од лани и фотографија на која заразно се смее во времето додека беше министер за надворешни работи.
– Времето лета, драг Филип. Сум го заборавил вицот, објави Димитров коментар на Фејсбук со фотографијата на која се смее со американските функционери Филип Рикер и Метју Палмер.
Објавата е спомен на Димитров од 25 септември 2019 година, а тогашниот коментар под фотографијата бил: Случајни средби, стари пријатели!
Очигледно е дека на Димитров му се допаѓаат американските вицови и дека слатко го насмеваат.