Министерот за надворешни работи Никола Димитров за денешната посета на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на Република Македонија, одушевено твитна:
– Дојде во клучен момент да испрати суштинска порака до лидерите на ЕУ и да ни даде поддршка. Доналд Туск, претседател на Европскиот совет. Уште поважно, ЛИДЕР со големи букви. Мирно небо!- му посака Димитров на Твитер.