Денеска на Комисијата за финансирање и буџет имаше обраќање пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Тој истакна дека државата континуирано се задолжува и дека следува период на уште пострашно задолжување односно од милијарда и 450 милиони евра.

Димовски додаде дека идејата за Клинички центар воопшто не е внесена во овие проекции и дека чини дополнителни половина милијарда евра.

–Ова година Република Македонија треба да повлече заеми во вредност од 34 милијарди денари тоаа го кажа од оваа говорница и многу ми е жал што не е тука за да ги соочиме аргументите. Тоа се 556 милиони евра што треба да ги повлечеме како заеми. Што е поинтересно во фискалната стратегија за следната година се планирани 55 милијарди денари, да повлечеме како заеми од домашно и од странско задолжување, што е некаде 900 милиони евра. Значи оваа година 556 милиони следната година 900. Вкупно се милијарда и 450 милиони. Плус заменичке, дали во овие бројки е внесена идејата за Клинички центар? Не е. Колку е идејата за Клинички центар-околу пола милијарда?, праша Димовски.

Исто така тој кажа дека доколку се погледнат приходната и расходната страна на буџетот и се спореди работата на државата со работата на една компанија, јасно е дека претпријатието не работи добро или дека, како што кажа тој, дека државата на крајот на годината ќе има 250 милиони евра помалку приходи од планираното

–Имате минус на приходи од 166 милиони евра, по основ на прибирање на даноци. Најмногу е тоа забележително на данокот на добивка и на персоналниот данок. Зошто ги потенцирам овие два даноци, Данокот на добивка е слика колку успешно работат фирмите кога има пад на наплатата на данокот на добивка од она што сте го планирале значи фирмите не работат успешно колку што сме планирале. За персоналниот данок исто имате нивелација надолу, а во исто време го зголемивте персоналниот данок за изнајмување на станови. Наместо да имате поголеми приходи од персоналниот данок вие имате помали од планираното она што ние ви го тврдевме дека зголемување на тој данок ќе ви донесе минус, нема да ви донесе плус. Тоа е евидентно, или вкупно по основ на сите даноци има државата наплатено во првите 8 месеци има минус на приходна страна 166 милиони евра од планираното. Ако продолжи истата тенденција до крајот на годината буџетот ќе има 250 милиони јас зборам за основниот буџет кој што се уште е на сила 250 милиони евра помалку приходи од планираното, истакна Димовски.