Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, отпаѓа од листата за амбасадори. Алсат дознава дека тој сепак, нема да биде нов амбасадор на Македонија во Париз.

Иако постапката за негово испраќање беше при крај, сепак Владата и претседателот Пендаровски одлучиле да не ја привршуваат поради скандалoт со Олександар Онишченко.

Контроверзниот проруски бизнисмен од Украина доби македонско државјанство иако во Киев го гонеле за перење на пари, а бил на црната листа на САД за мешање во тамошните претседателски избори.