Руското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека ќе возврати во иста мера на одлуката на Грција да протера двајца руски дипломати, јави агенцијата Интерфакс.
Грчкиот весник „Катимерини“ претходно објави дека Атина одлучила да протера двајца руски дипломати и да им забрани влез на уште двајца заради активности кои не биле во согласност со нивниот статус.
Грчките власти засега не ги коментираа овие информации.
Грција исто така ќе им забрани влез на уште двајца дипломати, за кои се вели дека не одговараат на нивниот дипломатски статус, наведува „Катимерини“.
Весникот пренесе дека дипломатите пробале да го поткопаат договорот меѓу Атина и Скопје, кој минатиот месец беше постигнат за името на бившата југословенска Република Македонија.