Уставниот суд ќе ја испитува уставноста на одредбата за исплата на апанажа за функционери кои се разрешени или поднеле оставка пред истекот на мандатот, објави ТВ 21.

Група правници од Струга пред десет месеци покренаа иницијатива за оспорување на уставноста на одредбите од Законот за надоместоци и плати на јавните функционери.

Бараат целосно укинување на апанажа, како класна привилегија, но Уставниот суд одби.

Исплатата на апанажа го нарушува принципот на еднаквост на сите граѓани. Функционери, раководители, директори, министри, пратеници добиваат апанажа по завршувањето на нивниот мандат, што претставува дискриминација по општествен статус, пишува ТВ 21.

Законот за работни односи предвидува исплата на плата за извршена работа, а назначените функционери добиваат плата по завршување на работен однос. Според правниците, тоа не е оправдано ниту од економски, а ниту од правен аспект.

Извор: ТВ 21