Кремљ денеска соопшти дека е прерано да се организира самит меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, откако Париз најави можност за средба за смирување на тензиите околу Украина.

– Прерано е да се зборува за какви било конкретни планови за организирање каков било вид самити, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека не се направени конкретни планови за средба.